А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Влада: Договорот со Анѓушев е склучен пред три години, кога тој не беше на функција

by А1он22/10/2018 - 20:02189
Share0

Договорот за концесија е склучен во 2015, државата има обврска да доделува земјиште под закуп за сите хидроцентрали, реагира Владата по прес-конференцијата на портпаролот на ВMРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски кој обвини дека премиерот Заев на вицепремиерот Анѓушев му отстапил 7.105 квадратни метри земјиште по пат на непосредна спогодба.

Добивај вести на вибер

„Се работи за изнесување на неточни информации преку кои се прави обид да се наруши угледот на Владата, на претседателот на Владата, Зоран Заев и заменикот на претседателот на Владата, Кочо Анѓушев. Во Македонија во изминатите 10 години, за секоја изградена мала хидроцентрала која е изградена на државно земјиште се потпишува Договор за долготраен закуп. Имајќи предвид дека до сега се изградени над 60 мали хидроцентрали по пат на концесија, значи дека потпишани се над 60 вакви договори за долготраен закуп. Што значи, ништо незаконски и ништо екслузивно не се случило со донесувањето на одлуката за долготраен закуп, туку само се следени строго дефинираните обврски од Договорот за концесија и законската регулатива во Република Македонија“, велат од Владата.

Оттаму додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ знаат оти во дел од овие мали хидрелектрани сопственост има и актуелниот претседател на нивната партија, Христијан Мицковски, а договорите за долготраен закуп биле потпишани додека тој бил дел од Кабинетот на поранешниот премиер Никола Груевски.

Од Владата велат дека согласно строго дефинираните обврски од Договорите за концесија, доделувањето на одлука за долготраен закуп на државно земјиште е право со кое се стекнува секој Концесионер, во случајот МХЕ ТОПОЛКИ ДОО Скопје, кој има потпишано Договор за концесија за вода за производство електрична енергија од мали хидроцентрали и е строго законска одлука, која не трпи волунтаризам туку мора да се спроведе.

Владата информира дека Договорот за концесија во овој случај е склучен на 4 мај во 2015 година, за тендерска постапка објавена во 2014 година, односно во време кога Кочо Анѓушев не бил на никаква позиција, односно не бил Заменик Претседател на Владата на Република Македонија.

angjusevvlada

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски19/02/2026 - 12:0119/02/2026 - 13:41

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Горан Наумовски17/02/2026 - 22:02

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски17/02/2026 - 13:3517/02/2026 - 13:37

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски16/02/2026 - 14:3416/02/2026 - 16:14

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Горан Наумовски11/02/2026 - 22:45

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски08/02/2026 - 14:0108/02/2026 - 14:02
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен