Влада: Целосно ги исполнуваме обврските и должностите кон граѓаните и Собранието

Од:

Владата денеска соопшти дека со сите свои капацитети е во целосна функција и во служба за граѓаните и оти обврските и должностите кон Собранието, како и пред граѓаните, целосно ги исполнува, вклучително и обврската за редовно одговарање на пратенички прашања.

– Претседателот на Владата на Република Македонија редовно присуствува на овие собраниски сесии и целосно ја презема одговорноста да ја претставува работата на Владата во сите нејзини аспекти, и да одговори на пратеничките прашања. Таа обврска ја исполнуваат и сите останати членови, министри и заменици министри во Владата на РМ. Понекогаш нивните обврски, работни посети и службени ангажмани на терен се совпаѓаат со парламентарните сесии посветени на пратеничките прашања. Во такви ситуации нивните обврски се исполнуваат според постапката за соодветна замена или за писмен одговор на пратеничките прашања во најкус можен рок, се наведува во соопштението.

Владата, како што се потенцира, останува посветена на одговорно однесување кон Собранието, кое граѓаните на земјата го очекуваат од сите институции и релевантни политички субјекти.

Би можело да ве интересира

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати