Вкупно 50.000 флаери за потсетување на возачите да возат безбедно

Од:

Флаери наменети за потсетување на домашните возачи – учесници во сообраќајот да возат безбедно подели денеска на наплатната рампа Петровец-Скопје, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Активноста е во рамки на воспитно-едукативната акција, „Летна кампања 2014 година“, која заеднички ја спроведуваат Министерството за внатрешни работи во соработка со Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Јавното претпријатие за Државни патишта, а во која ќе се поделат 50.000 фалери со едукативно-информативна содржина.

– Согласно програмата за реализација на оваа кампања, целна група на денешнава акција се домашните возачи учесници во сообраќајот при што од денеска на патарините во Република Македонија ќе отпочнат да се делат 50.000 флаери со наслов „Кога тргнуваш на пат во лето.“ Тие се со цел да ги потсетиме домашните возачи дека како учесници во сообраќајот се најодговорни да ги извршат сите потребни подготовки за безбедно да стигнат на планираната дестинација, да возат безбедно за да придонесат сите да се чувствуваме и бидеме побезбедни на патиштата во Република Македонија, изјави Јанкулоска.

jankuloskaFlaeri1

Инаку, таа посочи дека во текот на првото полугодие од 2014 година, на патиштата во Република Македонија се случиле вкупно 1.716 сообраќајни незгоди со потешки последици, додека пак само во месец јули оваа година во сообраќајни незгоди загинаа 19 лица, што е идентично со бројот на загинати во јули минатата година.

– Со ова се потврдува фактот дека најголем број на загинати во сообраќајни незгоди има во летните месеци јули и август, вели министерката.

Во изминатиот период Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати контроли при што од 8 до 18 август беа алкотестирани 2.568 возачи, од кои утврдено е присуство на алкохол кај 298, исклучени од сообраќај беа 226 возачи, времено се одземени 178 возачки дозволи и 1.514 возачи ја пречекориле дозволената брзина.

Министерството за внатрешни работи продолжува со реализација на предвидените превентивни кампањи како и со низа мерки и активности за зајакнати контроли во сообраќајот, пред се, како што се наведува, заради создавање навика и одговорност кај учесниците за почитување на правилата и прописите од сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – еден од напаѓачите полицаец

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Уапсен триесетгодишник од Стојаково, полицијата му нашла марихуана во домот

А1он

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ