Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против 33 лица обвинети за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
– Обвинетите, за време на полициски час, биле затекнати како се движат на различни локации во градот, без да поседуваат дозвола за тоа. Со тоа тие не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена со цел да се спречи ширењето на заразна болест, посочија од ОЈО.
Надлежните јавни обвинители на Основниот кривичен суд Скопје му предложиле за секој од обвинетите да изрече парична казна од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.