Вкупно 1270 ученици се запишаа во двата уписни рока во тетовските средни училишта

Од:

Секторот за јавни дејности при општина Тетово инфомира дека во вториот уписен рок на 24 и 25 јуни во тетовските средни училишта се запишале 186 ученици, од кои 128 на настава на албански јазик и 58 на македонски јазик. Севкупно во двата уписни рока се запишани 1270 или 64,8 отсто од учениците кои завршиле основно образование.

-Вкупно има запишано 995 ученици во наставата на албански јазик (62,6 отсто од завршени основци на албански јазик), 264 на македонски наставен јазик (77,4 отсто), и 11 на турски јазик (37,9 отсто). Остануваат високите критериуми за упис во средните училишта, истакна Ахмед Ќазими, раководител на општинскиот сектор за јавни дејности.

Основно училиште во тетовскиот регион завршиле 2060 деветоодделенци. Третиот уписен рок е во понеделник, 29 јуни.

Би можело да ве интересира

Од 27.600 ученички места за упис во прва година средно образование, 7.900 се слободни за гимназии, а 18.000 во стручни училишта

Средношколците ќе ги добијат бесплатните билети во матичните училишта

Две третини од идните средношколци запишани во стручните училишта

Горан Наумовски

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Од денеска до вторник запишување во средните училишта за учебната 2024/2025 година

Електронско пријавување за упис во средно образование од 20 до 25 јуни