„Визер“ превезе милион патници од и кон Скопје

Од:

Нискобуџетната авиокомпанија Визер објави дека од стартот на нивната работа на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје во јуни 2011 до сега имаат превезено милион патници.

– Воодушевени сме од извонредниот раст кој го забележуваме во Македонија. Во 2012 година најавивме еден авион во Скопје, а со пристигнувањето на вториот авион во март 2014 година, ги удвоивме сите наши очекувања креирајќи нови работни места и повеќе рути од Македонија, изјави Даниел де Карвалхо од „Визер“.

Тој посочи дека остануваат посветени кога станува збор за поддршка на туризмот и на воздухопловството во државата. – Моментно вработуваме 47 луѓе како дел од екипажот за овие два авиона и сè уште бараме нови кандидати. Ние сме им благодарни на нашиот персонал од Македонија и на патниците што го поддржуваат извонредниот пораст на македонските нискобуџетни рути, изјави де Карвалхо.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

Орце Костов

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска