ВИП има над 626.000 корисници

Од:

Вип Оператор во првите девет месеци од годинава ја зголеми корисничката база за 14,2 проценти во однос на овој период лани достигнувајќи бројка од 626 илјади корисници. Со ова, како што наведуваат од компанијата која ги објави финансиските резултати од работењето, ја зацврсти позицијата на втор мобилен оператор на македонскиот пазар зголемувајќи го пазарниот удел на 27,2 проценти.

Поголемата корисничка база и зголемувањето на сообраќајот, како и приходите од интерконекција, како што истакна главниот финансиски директор на Вип Питер Цидек, доведоа до зголемување на приходите за 13,6 проценти кои достигнаа 44,7 милиони евра во првите девет месеци од годинава во споредба со тој период минатата година.

Заработката пред камата, даноци, депресијација и амортизација се зголеми повеќе од девет пати и изнесува 9,3 милиони евра како резултат на повисоките приходи и фокусот врз контрола на трошоците.

Оперативната добивка во првите девет месеци од годинава е позитивна наспроти загубата прикажана во овој период лани.

Менаџерскиот тим на Вип оператор е задоволен од постигнатите резултати. Според Цидек, тие се јасен доказ дека Вип го задржува трендот на одржлив раст од квартал во квартал, нудејќи им повеќе на своите корисници и е потврда на нивната стратегија.

Со цел да го поддржат нивниот бизнис и да го подобрат квалитетот и да понудат иновативни решенија на своите корисници, Цидек истакнува дека инвестираат во нова мрежа. Во последните 12 месеци тој посочи дека се инвестирани 15 милиони евра во нова современа мрежа.

Главниот извршен директор на Вип оператор Никола Љушев посочи дека нивните инвестиции се во континуитет и оти се насочени кон подобрување на мрежата. – И досега и во иднина намерата е да ја подобруваме, вели Љушев, додавајќи дека ќе бидат подготвени да ги испочитуваат правилата што ќе бидат пропишани од страна на Агенцијата за електронски комуникации.

Од денеска во компанијата нов главен маркетинг директор е Џакомо Тоњони, кој доаѓа од словачкиот телеком.

Истакнува дека доаѓа во Вип која е голема компанија и која неколку години покажува добри резултати.

Смета дека македонскиот телекомуникациски пазар е напреднат, но оти му недостига присуство на најновата технологија. Сепак верува дека многу брзо ќе стане модерен.

Би можело да ве интересира

Јунајтед Груп стана член на Извршниот одбор на ЕТНО

Јунајтед Груп поддржана од БЦ Партнерс постигна договор да го купи грчкиот телекомуникациски оператор Винд Хелас

Ана Ололовска

Српскиот државен Телеком влегува во Македонија, веќе основал фирма во земјава

Жарко Настоски

Предлогот за измени во Законот за електронски комуникации усвоен од Комисијата за транспорт и врски

Жарко Настоски

Јунајтед Груп ја презеде најголемата бугарска медиумска групација Нова

Жарко Настоски

Компанијата VIVACOM на United Group меѓу најбрзо растечките провајдери на сателитски услуги за деловни корисници во светот

Жарко Настоски