Виолета Богоевска назначена за претседател на Управниот суд

Од:

Судскиот совет, за вршител на должноста претседател на Управниот суд ја назначи Виолета Богоевска, досегашен заменик претседател на Управниот суд.

Претседателката на Судскиот совет на Република Македонија Александра Зафировска за МИА потврди дека Судскиот совет денеска ја констатирал оставката на претседателот на Управен суд, Исамедин Лимани, која била доставена вчера околу 18 часот. Лимани, вчера, самиот побарал разрешување од функцијата.

Напуштањето на функцијата од страна на Исамедин Лимани дојде откако на вчерашната седница на Управниот суд со гласање на судиите беа прифатени поголем број тужби за гласањето во Струга и во Центар.

Би можело да ве интересира

Одреден притвор за полициските службеници поврзани со пожарот во диското во Кочани

Предраг Петровиќ

Судот нареди итна забрана за контролата на Маск врз американските платежни системи

Горан Наумовски

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

A1on