Виничките села Трсино и Трстија ќе добијат филтер станица за вода, пат и струја од соларна енергија

Од:

Нова филтер станица за вода и струја од фотоволтаични панели за училишната заграда ќе добијат жителите на виничкото село Трсино, додека за соседното село Трстија е започната постапката за изградба на асфалтиран пат во должина од околу 1.800 метри.

Вкупната инвестиција за сите три проекти изнесува 16 милиони 643 илјади денари, од кои 75 отсто се обезбедени како кредит од Светска банка преку ИПАРД програмата, а остатокот е сопствено учество на општина Виница.

– Со изградбата на филтер станицата ќе обезбедиме чиста вода за пиење за околу илјада жители на Трсино, а дополнително со поставувањето на соларниот систем училишната зграда во ова населено место ќе добие евтин и обновлив извор на електрична енергија. Изградбата и асфалтирањето на локалниот пат од Трстија, преку планинските маала Беловци и Маринци ќе ги поврзе жителите на Грлани со општинскиот центар, истакна градоначалникот на Виница, Ивица Димитров.

Денеска во општина Виница беше потпишан договор со фирмата „Жикол“ од Струмица која ќе биде изведувач на градежните работи, што треба да завршат во период од осум месеци.

Би можело да ве интересира

Нова измама: Лажен лекар од жена зема 12.400 евра

(ВИДЕО) Милевски: Сомнителен молк на кандидатот на ДПМНЕ, Костадиновски за случајот Детонатор, а Пулс, дивата сеча и тепањето советник

Обвинителството бара притвор за маж од Виница кој со камења на познаник му го скрши черепот и е во кома

Горан Наумовски

Обвинителството денес започна истрага за опожарената фабрика во Виница

Фабриката „Винчини“ ќе ја обновиме и тоа пак во Виница, но потребно ни е време за тоа, велат од „Макпрогрес“

Обвинителство не може да почне со увид, пожарот во „Макпрогрес“ не е целосно изгаснат