Виничанец киднапирал малоленичка и се обидел да ја силува

Од:

Момче на 21. година, вчера е пријавено во полициската станица во Виница откако се обидел да изврши обљуба на малолетна девојка.

Таткото на 17-годишната девојка го пријавил 21-годишниот Т.С во полиција откако тој дошол во дворот на нивната семејна куќа околу 13 часот и почнал да и изјавува љубов на неговата ќерка.

Откако му рекла дека не го сака,Т.С. ја земал во раце и пеш ја однел во близина на Метеоролошката станица во Виница, која се наоѓа на околу 100 метри од куќата, каде се обидел да изврши обљуба над девојчето. Таму ја држел до 19 часот, по што ја предал на неговиот брат, кој ја вратил кај нејзините родители.

Малолетничката била однесена во болница каде било утврдено дека над истата не е извршена обљуба.

МВР информира дека презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за маж од Виница кој со камења на познаник му го скрши черепот и е во кома

Горан Наумовски

Обвинителството денес започна истрага за опожарената фабрика во Виница

Фабриката „Винчини“ ќе ја обновиме и тоа пак во Виница, но потребно ни е време за тоа, велат од „Макпрогрес“

Обвинителство не може да почне со увид, пожарот во „Макпрогрес“ не е целосно изгаснат

Во Болницата во Кочани задржани се четворица пожарникари со полесни изгореници, осуммина се на Токсикологија во Скопје

18 повредени во пожарот во Макпрогрес-Винчини во Виница

Катерина Ѓуровски