Виница, Зрновци и Чешиново – Облешево добија проекти за регионален развој

Од:

Три општини од Источниот плански регион добија финансиска поддршка за три проекти од Програмата за рамномерен регионален развој кои се однесуваат на комунална инфраструктура и туристичка презентација на локалитети.

– Центарот за развој на Источниот плански регион аплицираше со четири проекти, но проектот за реконструкција на целосно руинирана куќа со стара архитектура во штипско Ново село не е одобрен зашто не ја помина административната контрола на Бирото за регионален развој. Средствата планирани за овој проект се пренасочени во Виница, за регулација на коритото на Виничка река, истакнуваат од Истичниот плански регион.

Вториот проект се однесува на изградба на регионален етно парк во Општина Зрновци, а третиот на изградба на спомен парк и поставување спомен-обележје кај месноста Свиланово, село Рајчани Кочанско, каде што загинал Никола Карев.

Актуелната состојба со надлежностите на градоначалниците не е пречка за реализација на овие проекти. Тендерските постапки за сите три проекти ќе финишираат до крајот на мај, а рокот за целосна нивна реализација е 15 ноември годинава.

Би можело да ве интересира

Обвинителството денес започна истрага за опожарената фабрика во Виница

Фабриката „Винчини“ ќе ја обновиме и тоа пак во Виница, но потребно ни е време за тоа, велат од „Макпрогрес“

Обвинителство не може да почне со увид, пожарот во „Макпрогрес“ не е целосно изгаснат

Во Болницата во Кочани задржани се четворица пожарникари со полесни изгореници, осуммина се на Токсикологија во Скопје

18 повредени во пожарот во Макпрогрес-Винчини во Виница

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожарот во Макпрогрес ставен под контрола, неколку пожарникари повредени