Виница очекува поддршка од Украина за гасификацијата

Од:

Општина Виница очекува техничка и друга помош од Украина во искористувањето на природните енергетски ресурси со кои располага. Еден од приоритетите е поддршката во реализирањето на планот за гасификацијата, беше речено на средбата што градоначалникот Ивица Димитров ја имаше со украинската амбасадорка во Македонија, Наталија Задоржњук.

– Се најавува дека во наредниот период еден крак од гасоводот што е стигнат до Штип ќе биде пуштен кон Кочани и Виница, поради што ние се подготвуваме да им овозможиме на граѓаните да ги искористат придобивките од овој енергенс. Притоа искуствата и помошта од пријателска Украина ќе ни бидат добредојдени, рече градоначалникот на Виница, Ивица Димитров.

Општина Виница неколку години е збратимена со истоимениот град во Украина, па се очекува во наредниот период меѓусебните контакти да се интензивираат. Притоа, од украинска страна беше понудена и економска соработка со фирми кои имаат сродни дејности со виничките.

– Двете држави добро соработуваат на повисоко ниво, но постои голем потенцијал за соработка меѓу регионите и локалните заедници, особено во стопанството каде малку е искористен. Исто така, сакаме да ги пренесеме искуствата во образованието, како и да ги прошириме контактите во културата и другите области, рече амбасадорката на Украина, Наталија Задоржњук.

Во рамки на посетата на Виница, амбасадорката го посети и музејот „Теракота“ каде и беше претставено богатото културно-историско наследство од регионот, а посебно теракотните икони.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за маж од Виница кој со камења на познаник му го скрши черепот и е во кома

Горан Наумовски

Обвинителството денес започна истрага за опожарената фабрика во Виница

Фабриката „Винчини“ ќе ја обновиме и тоа пак во Виница, но потребно ни е време за тоа, велат од „Макпрогрес“

Обвинителство не може да почне со увид, пожарот во „Макпрогрес“ не е целосно изгаснат

Во Болницата во Кочани задржани се четворица пожарникари со полесни изгореници, осуммина се на Токсикологија во Скопје

18 повредени во пожарот во Макпрогрес-Винчини во Виница

Катерина Ѓуровски