Виница ќе практикува Американски искуства за справување со отпад

Од:

Општина Виница собира Американски искуства во справувањето со комуналниот отпад. Гоце Георгиев, комунален инспектор во општина Виница помина двонеделен тренинг за обука за селекција и управување со отпад на Универзитетот „Тексас“ во САД.

-Есеј за справување со отпадот во општина Виница, Република Македонија, ми донесе интернационална школарина. Аплицирав на конкурс на Универзитетот во Арлингтон, со што обезбедив двонеделна едукација со врвни експерти од 26 земји во светот и споделување на врвни достигнувања во управувањето со отпад, истакна Георгиев.

Тој зад себе има уште едно вакво тренинг искуство и од Јапонија, а стекнатите знаења во управувањето со отпад ќе ги споделува со своите колеги во Здружението на комунални инспектори на Република Македонија како негов претседател, додека неговите сограѓани добиените сикуства од Јапонија и Америка очекуваат да бидат применети и во нивната средина.

Би можело да ве интересира

МВР: 38-годишен маж од Виница починал во двор на познаник

Отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица во Виница

Горан Наумовски

Виница: Ја претепал, силувал и снимал 20 – годишната вереница

А1он

На улица во Виница се истепале три жени

Банда од Виница крадела по куќи и мачела животни

Приведен разбојник на автобуска станица во Виница