Вилите на претседателот и премиерот имаат долг кон Комуналец поголем од 10.000 евра

Од:

Јавните институции во Охрид кои се под капа на државата се големи должници на Охридски комуналец, обвинија од јавното претпријатие кое се грижи за јавната чистота во Охрид.

Меѓу должниците е и Вилата на Претседателот Иванов и на Премиерот Груевски во Охрид чиј што долг според претпријатието бил повеќе од 10000 евра.

„Доколку вашите партиски другари од ВМРО-ДПМНЕ ги платат обврските кои ги имаат кон нашето претпријатие, тогаш ние навреме ќе ги платевме обврските кон ЕВН; (во време кога ваши кадри (ВМРО-ДПМНЕ) го водеа Комуналец струјата и воопшто не се плаќаше).Ќе Ви наброиме само дел од дожниците спрема нашето претпријатие: Здравствени институции (170.183,00 ден.); министерствата (2.390.808,00 ден.); Јавни претпријатија (4.171.347,00); Резиденцијалните вили на Претседателот и Владата (635.340,00)“, велат од Охридски Комуналец.

Реакцијата доаѓа по вчерашните обвинувања на Вмро Дпмне и пратеникот Харалампие Шокароски дека Јавните претпријатија во Охрид се во лоша финансиска состојба и дека вработените нередовно земале плати.

„Му честитаме на храброста што во време кога неговите колеги штрајкуваат и се борат за своите права, во време кога охриѓани веќе трета година се без болница и во време кога во Македонија сеуште умираат деца од дезинтерија (како да сме афричко племе), има доблест да држи лекции како треба да се управува со локалната самоуправа и јавните претпријатија.Ј.П.”Охридски Комуналец” зема плата секој први во месецот и редовно ги подмирува сите обврски спрема државата. Во последните три години претпријатието не се има задолжено со кредит, туку отплаќа кредит од минати години“ велат од Охридски комуналец.

Би можело да ве интересира

Николоски: Го завршуваме патот од Охрид кон Св. Наум

А1он

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Четворица лихвари од Охрид од жртва изнудиле 18 милиони денари

Горан Наумовски

За да се спаси од полицијата, проголтал пакетче со дрога

Уапсени лихвари од Охрид, од жртвите изнудиле над девет милиони денари

МВР: Кривична за директорот на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“