Виктор Петковски го фати Светиот крст во Куманово

Од:

Виктор Петковски (22) е кумановецот кој го фати Светиот крст во базенот на Соборниот храм Свети Никола во Куманово.

Петковски скока по крстот седум пати. Пред две години имал среќа да го фати.

– За сите христијани очекувам здравје, среќа и благослов. Ова ми е седми пат, на петти пат го фатив тука, сега повторно. На младите им порачувам да се охрабрат, времето не е ладно, Господ дава топлина, изјави Петковски.

Од свештеништвото на Соборниот храм доби икона и свет крст, како и накит од кумановската златара.

Во Соборниот храм „Свети Никола“ претходно се одржа и света божествена литургија по повод празникот Богојавление Водици со која чиноначалствуваше митрополитот на кумановско-осговската епархија г. Јосиф. Верниците присуствуваа на литургија, дел од нив пресекоа славски колач, си зедоа осветена вода, се помолија за здравје, мир и благосостојба.

И во останатите цркви во Куманово се фрлаше светиот крст. Во храмот света Тројца во Куманово чествувањето на Водици почна со света божествена литургија на која присуствуваа голем број верници. По литургијата и оветување на водата во дворот на црквата, беше фрлен светиот крст, а среќникот кој го фати беше триесетгодишниот Ненад Тодоровски.

Би можело да ве интересира

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Двајца скопјани кои вчера скокаа по светиот крст се спасени од давење во Вардар

Горан Наумовски

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

Мицкоски: Време е за чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро

Горан Наумовски