Виктор Цветковски ќе го тужи СДСМ за „неовластено прислушување и тонско снимање“

Од:

Генералниот секретар на ГРОМ Викотр Цветковски на денешната прес конференција во Куманово најави дека ќе поднесе кривична пријава против правното лице СДСМ за „неовластено прислушување и тонско снимање“.

Цветковски објасни дека пријавата ја поднесува да ја заштити својата приватност, достоинство и углед. Вели дека на вчера објавените аудио снимки од Куманово, се слуша разговор воден за евентуална политичка соработка меѓу него, тогаш независен кандидат од коалицијата „Кога ако не сега“ и ВМРО-ДПМНЕ.

Разговорот, посочи Цветковски, е воден меѓу двата изборни круга во 2013 година.

– Понуди за евентуална политичка соработка имаше и од ВМРО ДПМНЕ, но и од СДСМ. Затоа, јавно го повикувам СДСМ и Зоран Дамјановски да ги објават разговорите кои беа иницирани од Дамјановски за можна политичка соработка, вели Цветковски. Додаде дека на аудио снимката се договара политичка соработка. Го повика ракводството на СДСМ, доколку поседуваат какво било снимен материјал кој упатува на извршени кривично дело од негова страна веднаш да го достават до Јавното обвинителство. Уште еднаш повтори дека станува збор за разговор воден од позиција на независен кандидат кога остварил резултат две советнички места и подвлече  дека никогаш не работел против интересите на ГРОМ.

Потенцира дека верува во институциите и очекува правна разрешница на случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО