Викендов во Скопје во сообраќајки 19 повреден од кои двајца потешко

Од:

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје сообраќајната полиција изврши увид на вкупно 25 сообраќајни незгоди од кои во две со потешки повреди се здобиле седум лица.

Во петокот, на 12 декември, извршен е увид на вкупно 17 сообраќајни незгоди. Од нив, шест се со последица материјална штета и 10 со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, двајца сопатници, тројца пешаци, еден велосипедист, еден мотоциклист и двајца патници во автобус.

Случена е и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден патник во автобус.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште две незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во сабота, на 13 декември, извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и пет со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило и тројца сопатници.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште две незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

 

Во недела, 14 декември, извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и четири со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници, еден пешак и еден патник во автобус.

Случена е и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден возач на патничко моторно возило, а со телесни повредни се здобил еден сопатник.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случена е уште една незгода со мала материјална штета во која што е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во текот на викендот од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 42 возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 54 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 21 возач ги управувале возилата со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, пет возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и 11 возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие два дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се 94 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во рамките на своите превентивни активности ќе одржи едукативни работилници во основното училиште „Крум Тошев“ во населено место Трубарево и во основното училиште „Његош“ во населеното место Колонија, Идризово, и двете се на територијата на општина Гази Баба.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

Четворица повредени во сообраќајка во Гостивар

Горан Наумовски

Во судар на три возила кај Пожаревац: Има загинати

Горан Наумовски

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Тешко повреден е возач во сообраќајка во Битола

Петмина повредени во сообраќајка на три возила близу Кичево

Тешка сообраќајка кај Зеница: Се судрија автобус и камион, загина возач

Горан Наумовски