Викендов во Скопје 32 сообраќајки, тешко повреден велосипедист

Од:

Велосипедист е тешко повреден, а 26 лица се здобиле со полесни повреди во 32-те регистрирани сообраќајни несреќи во изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје.

Од евидентираните 10 сообраќајки во петокот, во четири полесно се повредени седум лица, а шест незгоди се со последица материјална штета.

Во саботата, пак, се случиле 11 сообраќајни незгоди, при што во осум несреќи полесно се повредени 10 лица. Три сообраќајки се со последица материјална штета.

Како што информираат од СВР Скопје, вчера во Скопје се регистрирани 11 сообраќајки, три со материјална штета, а седум со последица телесни повреди, при што полесно се повредени девет лица.

Сообраќајната полиција санкционирала 212 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење,12 се исклучени од сообраќај за возење под дејство на алкохол, петмина поминале на црвено светло на семафор, 88 возеле со истечена сообраќајна дозвола или без возачка дозвола, а 99 биле непрописно паркирани.

Санкционирани се и 24 пешаци кои поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.

Со помош на специјалното возило „пајак“ се отстранети 93 непрописно паркирани возила.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ