Викендов во Скопје 27 сообраќајки

Од:

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје се случиле 27 сообраќајни незгоди.

Како што информира полицијата, од шест сообраќајки во петокот, две се со последица материјална штета, во три полесни повреди здобиле пет лица, а во една, едно лице е тешко повредено.

Според Драган М. Велјаноски од СВР – Скопје, во саботата е извршен увид на 11 сообраќајни незгоди од кои пет се со последица материјална штета и шест се со последица телесна повреда. Полесни повреди здобиле осум лица.

Вчера е извршен увид на вкупно 10 сообраќајки. Во три е предизвикана материјална штета, а шест се со последица телесна повреда. Полесни повреди здобиле 14 лица. Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобило едно лице.

Во текот на изминатите три дена сообраќајната полиција санкционирала 81 возач кои се движеле со брзина поголема од дозволената, 26 возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, четворица поминале на црвено, а седум не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

Затекнати се и 79 непрописно паркирани возила, 10 возачи управувале нерегистрирано возило, 14 пешаци поминале вон обележан пешачки премин или на црвено, а тројца возачи не отстапиле првенство на пешаци.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети се 76 возила кои го попречувале нормалното одвивање на пешачкиот и моторниот сообраќај.

За денеска е најавен протест на Центарот за демократија и развој кој ќе се одржи во 17 часот и 30 минути пред зградата на Владата на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ