Викендов, 16 и 17 мај, ќе се врши авионско прскање против комарци на вкупна површина од 6.000 хектари.
Како што соопшти Министерството за транспорт и врски, употребен ќе биде широкопојасен висококвалитетен инсектицид.
Во сабота со прскањето ќе бидат опфатени општините Охрид (1.500 хектари) и Дорјан (1.000), додека во недела општините Крушево (750 хектари), Ресен (1.000), Чешиново-Облешево (900 хектари) и Берово (850 хектари).