Викендов пренасочен сообраќајот на улицата „Борис Трајковски“

Од:

Поради изведување градежни активности на улица „Борис Трајковски“, поранешна „Првомајска“ на потегот од крстосницата со улицата „Иван Козаров“ до Стара рампа сообраќајот целосно ќе биде прекинат, соопшти Град Скопје.

Сообраќајот од улицата „Борис Трајковски“ ќе биде пренасочен во насока кон Драчево по улиците „Антон Попов“, „Димо Хаџи Димов и „Народни херои“, а во спротивна насока кон Центар по улиците „Народни херои“, „Димо Хаџи Димов“ и „Антон Попов“. Автобусите на јавниот градски превоз на линиите со број „4“ и „4-А“ ќе бидат пренасочени по улиците „Антон Попов“, „Димо Хаџи Димов“ и „Народни херои“, додека автобуските линии со број „41“, „31“, „51“, „51-А“, „58“, „67“, „70“, „74“ и „73“, во насока кон Драчево ќе бидат пренасочени по булеварите „Никола Карев“, „Трета Македонска бригада“ и „Србија“.

Во обратна насока,  односно од  Кисела Вода (Усје)  кон Центар, автобусите на автобуските линии со број „4“ и „4-А“ ќе ја користат трасата по улиците „Народни Херои“, „Димо Хаџи Димов“ и „Антон Попов“, додека автобусите на преостанатите автобуски линии на тој дел од градот, со броевите „41“, „31“, „51“, „51-А“, „58“, „67“, „70“, „74“ и „73“ ќе бидат пренасочени по булеварите „Србија“, „Трета Македонска бригада“ и „Никола Карев“ и продолжуваат во Транспортен Центар.

Град Скопје апелира до учесниците во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан