Викендот во Скопје во 31 сообраќајка, загинати четири лица

Од:

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје се случиле 31 сообраќајна незгода, во кои се повредени 31 лице, а четири лица го загубиле животот.

Сообраќајната полиција на 25 март, петок, изврши увид на 11 сообраќајни незгоди, од кои две се со последица материјална штета и шест се со телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле девет лица.

Се случиле и две незгоди со последица тешка телесна повреда, во кои со тешки телесни повреди се здобиле три лица, односно еден пешак, еден возач на мопед и еден патника во автобус.

Случена е и една железничка незгода во 7 часот и 20 минути на железничката пруга Скопје – Кичево, во атарот на село Бардовци, поточно на мостот на реката Лепенец, во која учествувале патнички воз и пешак. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот и истиот од здобиените повреди починал на лице место.

Како што информира за МИА, Драган М. Велјаноски од СВР-Скопје на 26 март, сабота, извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди. Од нив, пет се со последица материјална штета, четири се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле 12 лица.

Се случила и една незгода со загинати лица во 17 часот на ул. „Христо Татарчев“, пред ОУ „Круме Кепески“, во која учествувале патничко моторно возило „рено“ и автобус, и двете возила со скопски регистарски таблички, управувани од граѓани на Скопје. Од незгодата возачот и сопатникот во патничкото моторно возило им подлегнале на повредите на лице место, а со телесни повреди се здобиле пет патници во автобусот.

Се случила и една железничка незгода во 15 часот и 15 минути на патниот премин село Драчево, каде ул. „Сердарот“ се спојува со ул. „Иван Хаџиниколов“ во која учествувале патничко моторно возило „фиат панда“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и електро моторна гарнитура на Македонски железници. По случената незгода возачот на патничкото моторно возило со друго возило бил пренесен во поликлиниката во Драчево каде истиот им подлегнал на повредите.

На 27 март, недела, сообраќајната полиција извршила увид на вкупно девет сообраќајни незгоди, од кои седум се со последици материјална штета, една е со последица телесна повреда, а со полесни повреди се здобило едно лице.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.

Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција, откриени се поголем број на прекршоци. Санкционирани се 62 возачи кои со возилото се движеле со брзина поголема од дозволената, 36 возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, седум возачи поминале на црвено светло на семафор, и 26 возачи не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети се 99 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ