Викендот во Скопје 34 сообраќајки, 17 повредени, пајакот отстранил 122 возила

Од:

Во текот на викендот на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 34 сообраќајни незгоди.

На 25 декември, петок, сообраќајната полиција извршила увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди. Од нив, пет се со последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, еден сопатник, еден возач на мопед и еден патник во автобус.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден велосипедист.

На 26 декември, сабота, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно 15 сообраќајни незгоди. Од нив, 10 се со последица материјална штета и  пет се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, еден сопатник, еден пешак и еден возач на мотоцикл.

Во текот на вчерашниот ден, 27 декември, извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив, пет се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден  возач на патничко моторно возило, двајца сопатници и еден пешак.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден сопатник, а со телесни повреди еден возач на патничко моторно возило и еден сопатник.

Во изминативе три дена од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 12 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај. Деветнаесет возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, девет возачи поминале на црвено светло на семафор, како и 23 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото. Санкционирани се и 15 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак поминале на црвено светло на семафор.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатите дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се 122 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје и денеска продолжува со едукативни работилници во средните училишта на подрачјето на градот Скопје на тема „Влијанието на алкохолот, дрогата и други психотропни супстанци врз безбедноста во патниот сообраќај“.

Денеска со почеток во 18 часот во СЦ „Јане Сандански“ во рамките на АБА лигата ќе се одигра меѓународен кошаркарски натпревар помеѓу МЗТ Скопје Аеродром и КК Мегалекс, Србија. Со цел непречено и безбедно одвивање на оваа спортска манифестација од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и пренасочување на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ