Викендот исклучени од сообраќај 77 возачи, 201 управувале со брзина поголема од дозволената

Од:

Во текот на изминатите денови (16, 17 и 18.08.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 201 возач управувалe возило со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 77 возачи од кои: 33 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол и 44 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило.

Како што денеска соопштија од СВР Скопје, исклучени од сообраќај биле 43 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се тројца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци,четворица возачи поради неправилно престројување, пет возачи поради неправилно престигнување,четворица возачи поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, седум возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и четворица возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во однос на пешаците санкционирани се пет пешаци.

Во текот на изминатите денови издадени се 384 мандатни платни налози.

Би можело да ве интересира

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ

Снег во Дебарско, прекини во снабдувањето со струја