Викендот 24 сообраќајки, пајакот отстранил 105 возила, на подрачјето на Скопје

Од:

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 21 сообраќајна незгода.

Во петокот, на 24 октомври, извршен е увид на вкупно седум сообраќајни незгоди. Од нив, пет се со последица материјална штета и две со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле две лица.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште шест незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во сабота, на 25 октомври, извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив, шест се со последица материјална штета и две со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле две лица.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда, во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.

Во неделата, 26 октомври, извршен е увид на вкупно пет сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и една со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобил возач на трактор.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случена е и една незгода со мала материјална штета во која што е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 21 возач кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај, седум возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, пет возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и 15 возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците.

Со помош на специјалното возило „пајак“ од страна на сообраќајната полиција во овие три дена отстранети се 105 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во рамките на акцијата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ќе одржи едукативни работилници во ОУ „Кузман Шапкарев„ и „Рајко Жинзифов“ кои се наоѓаат на подрачјето на општината Кисела Вода, со учениците од второ и четврто одделение.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

Прилепчанец е повреден во сообраќајка близу Драчево

Жена од Скопје со „спарк“ излетала од пат во Кратово, со тешки повреди завршила во болница

На автопатот Тетово-Скопје загина 24-годишен возач од Свети Николе

Момче и девојка повредени во сообраќајка на автопатот Велес-Градско

Тешко повредена малолетничка во сообраќајка во Охрид

Еден загинат и двајца повредени во сообраќајка во Демир Хисар