Викенд забава „Купи куќа, добиј стан“ се одржува од денеска во трговскиот центар „Рамстор“, поддржана од двата проекта „Купи куќа, купи стан“ и „Фискална во рака, награди без мака“на Министерството за финансии.
Напладне секој кој ќе донесе десет пликоа со по 20 фискални сметки за учество во „Фискална во рака, награди без мака“ и собере шест клучеви во 6 различни бои од штандовите на саемот „Купи куќа, купи стан“ ќе добие пакет грепки од Државна Лотарија и можност да погодува на Среќната табла за телевизор, фрижидер, таблети, мобилни телефони, дебитни картички од по 5.000 и 3.000 денари, апарати за домаќинство, новогодишни пакетчиња…
Сите приложени пликоа ќе учествуваат во големото извлекување „Фискална во рака, награди без мака“ за стан на 29 декември.
Посетителите на Рамстор ќе ги забавуваат Драган Даутовски, Маја Панчева, Сара Мејс, Дарко Илиевски, Александар Тарабунов, Куку Леле, Симона Поповска, Давид Нешковски Трио, Игор Митровиќ, Мијата и многу други музичари и уметници. Забавата ќе трае и на 28 декември.