(ВИДЕО)Жерновски – Ташделен: Ќе се интензивира соработката меѓу Центар и Чанкаја

Од:

Висока делегација на општина Чанкаја, предводена од градоначалникот, Алпер Ташделен, во која се наоѓаат и пратеници, бизнисмени, член на судскиот совет и новинари, се во неколкудневна посета во Македонија.

Денеска имаа официјална средба со домаќинот, градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски и неговите соработници.

Ташделен и делегацијата не го криеја задоволството и возбудата што се гости на Република Македонија и општина Центар. Како што изјави градоначалникот на Чанкаја, Република Македонија за нив е пријателска земја, а Центар, збратимена општина со која има многу можности за соработка.

“Основачот на модерна Турција, Кемал Ататурк се образувал во Република Македонија. Пријателството што е родено ќе продолжи и понатаму. По повод 8-ми септември, на одбележувањето на 25-годишнината од независноста на Република Македонија, во Чанкаја ќе биде отворен Градски парк на турско-македонското пријателство. Ова е убав начин за одбележувањето на самостојноста на пријателска Македонија. Соработката со општина Центар ќе продолжи во интерес на двете општини“, рече Ташделен.

Градоначалникот Жерновски со задоволство ја прифати поканата за возвратна посета на општина Чанкаја, посочувајќи дека доаѓањето на високата делегација од Чанкаја претставува голема чест.

“Секогаш кога доаѓа делегација од пријателска Турција, ние не велиме дека ни доаѓаат гости, туку драги пријатели. Средбата значи продолжување на добрите односи, но и поголема конкретна соработка меѓу двете општини. Очекуваме да продолжиме да работиме заедно“, рече Жерновски.
Чанкаја е централна општина во Анкара и административен центар. Општина Чанкаја и општина Центар имаат речиси идентични проекти и цели: реновирање на училишта и градинки, нови улици и реконструкција на постојните, изградба на нови паркови и ново зеленило, како и посебна грижа за најмладите и повозрасните жители на општината.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Автобуска несреќа во Турција: Најмалку три лица загинаа, а 20 се повредени

Атаман: „Можеби ќе играме со Србија во финалето на Евробаскетот“

Предраг Петровиќ

Oслободен од турски затвор е хрватски морнар осуден на 30 години затвор, на бродот му најдоа 137 кг кокаин

А1он

Ердоган го врти светот против Израел

(ВИДЕО) Турција во пламен, се огласи Ердоган: Подигнавме 27 авиони, 105 хеликоптери, десетици илјади луѓе…

Турција регистрираше 50 степени за прв пат во историјата

Горан Наумовски