(ВИДЕО) Заев: Никогаш не сме биле Северна Кореја и нема ни да бидеме

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по посетата на Малешевијата попладнево продолжи на средби со жителите од неколку населени места во Источна Македонија.
Во Виница, Заев оствари повеќе средби со граѓаните.
Жителите се собраа да го чујат претседателот на СДСМ. Ги мачат истите проблеми како и останатите граѓани во Македонија, немаштијата, невработеноста, иселувањето на младите, притисокот од власта.
„Во Македонија ја нема државата, само партијата на власт. Интересите на партијата и на фамилијата што раководи со таа партија се најважни. Под превезот на лагата и манипулацијата власта воспостави систем за контрола и притисок врз граѓаните. Тоа најмногу се чувствува на денот на изборите. Цел овој систем има за цел само едно, да го брани интересот на фамилијата. Затоа Никола Груевски не дозволува да има фер и демократски избори, за да се заштити. Едно е јасно, на Груевски не му е на прво место државата“ рече Заев .
Тој ги повика виничани масовно да излезат на гласање и со својот глас да допринесат во Македонија работите да се променат, повторно да се врати слободата, да завладее правдата.
„По објавувањето на криминалниот скандал, директно поврзан со Никола Груевски, јасно е кој е креаторот на целиот систем за испумпување на народните пари преку оффшор компании. Ако пред неколку години постоела таква шема, да може за продажба на банка да земе 1,5 милион евра во кеш и згора да ја оштети државата, што ли се случува денес.“ рече Заев.
„Бегање од овие докази што ги презентиравме нема и не може да има. Народот знае, народот е на страната на правдата. Ние никогаш не сме биле Северна Кореја и нема ни да бидеме. Ова е наш народ, наша држава и ќе се бориме за неа, да биде слободна, демократска, правична држава. Затоа ве повикувам, заедно, на изборите да излеземе масовно и да ги промениме работите. Промени за ја вратиме нашата земја на нормалниот пат, на страната на правдата, на страната на вистината.“ рече Заев.
Претседателот на СДСМ го посети и винички Блатец.
Рамномерен регионален развој, навремени субвенции, бенифициран стаж за земјоделците, зелена нафта се дел од мерките во новата програма на СДСМ кои претседателот Заев, заедно со носителот на листа во Изборната единица 3 Марјанчо Николов, ги презентираа на средбите со жителите на Блатец.

Би можело да ве интересира

СДСМ ги распиша внатрепартиските избори, на 21 март членовите бираат претседател

Жарко Настоски

За Велигден, Заев во Струмица, Пендаровски во Св. Архангел Михаил

А1он

(ВИДЕО) СДСМ: Кога видел Пишев портокалови фотелји во струмичкиот театар?

Емир Латифовиќ