(ВИДЕО) Таткото на загинатиот велосипедист во Драчево: Животот ми стана пекол по смртта на син ми

Таткото на починатиот велосипедист Ненад М. од Пинтија, кој пред скоро две години трагично загина на 200 метри погоре од вчерашната сообраќајка за А1 он изјави дека животот по смртта на неговото дете се претворил во пекол.

Таткото на 30 годишниот Ненад, кој загина при удар на камион, на влезот во Драчево, прашува зошто се уште не е направена клучката со одбележани пешачки премини, зошто нема тротоари на главната улица и зошто нема казни за прекршителите на законот.

„ Моето дете загина недолжно. Со велосипед си возел на кај Драчево кога го собра камион. Почина на патот кон болницата. Човекот кој го однесе во смрт, не се ниту извини, ниту изрази сочувство, згора на тоа бараше помилување. Откако загина тој ни крив ни должен, животот ми стана пекол. Еве и јас секој ден го возам овој пат како него со велосипед и порачувам да го направат булеварот како што ветија. Горе кај што загина син, ми да се направи кружен тек и да се постават тротоари и знаци. Секој може да биде жртва како син ми, едноставно овде, колите летаат“, рече таткото на Ненад.

На местото каде што загина Ненад од Пинтија во знак на сеќавање, неговото семејството постави стар велосипед како предупредување за возачите, да внимаваат како возат да не завршат како младиот велосипедист.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скопјанец го бркаа со сатар низ Лептокарија бидејќи се пожалил на високата сметка

Кристијан Ландов

Едно лица загина, тројца се повредени во сообраќајки во Скопје

Ана Ололовска

Скопјанец загина во сообраќајка во близина на Охрид

Ана Ололовска

Се превртел трактор, загинала сопатничката

Ана Ололовска

Туристка од Холандија пронајдена мртва во хотел во Струга

Ана Ололовска

Загина тракторист кај демиркаписка Корешница

Ана Ололовска