(ВИДЕО) Роми пред СДСМ: „Аман од амандмани“

Од:

„Аман од амандмани“, „Маката не донесе овде“, Среќна 2013.без социјална помош“, со овие транспаренти, група Роми  протестираа пред просториите на СДСМ и побараа пратениците од оваа партија да ги повлечат амнадманите, кои го кочат донесувањето на буџетот.

Протестот беше организиран пред почетокот на седницата на ЦО на СДСМ.

Велат дека без социјална помош не можат да преживеат дека не се партиски организирани, но очигледно не ги занеја вистинските причини зошто се собрани велат. Пратениците сакаат да ни ги намалт пензиите и да ни ја укинат социјалната помош.

Не беа информирание дека дебатата во Собранието е да се зголемат пензиите и социјалната , но прашањето е од кога од март како што предлага власта или од јануари, како што предлага опозицијата.

За нивните барања, од видеото.

СДСМ: Ставрески го одби предлогот на опозицијата за социјални станови во Шутка

Од СДСМ реагираа на протестот од група Роми пред нивното седиште, за кој кажа дека е организиран од ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа што ВМРО-ДПМНЕ денес организирано качи во автобус група на партиски активисти-Роми за да ги донесе пред партиското седиште на СДСМ, покажува дека овој режим не само што не се грижи за социјално ранливите категории на граѓани, туку е подготвен да ги понижи сите Роми, злоупотребувајќи ги за дневно политички потреби.

Власта продолжува дрско да ги потценува граѓаните.

Вчера, Ромите од Општина Шуто Оризари, видоа како министерот за финансии Зоран Ставревски, од инает го одби амандманот со кој опозицијата бараше 2 милиони евра за изградба на социјални станови токму во оваа Ромска Општина.

За Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се поважни рекламите, спомениците, златните ангели и жалните врби отколку иднината на Ромите и подобрувањето на животниот стандард.

Со ваквите фингирани протести, ВМРО-ДПМНЕ успешно го потхранува се поголемиот револт на граѓаните од нивните крајно неодговорни политики“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Арсовски бара јавно извинување од СДСМ и нагласува дека нема никаква поврзаност со фирмата „Дигитал оне“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Девет милиони евра тендери за фирма со двајца вработени, отворена пред една година, објави СДСМ

Горан Наумовски

Протест против странските работници во Риека: Дојдоа 20 луѓе

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ

СДСМ: Гордана Јанкуловска, која денес се претставува како жртва, беше дел од системот што години наназад ги кршеше човековите права

(ВИДЕО) Димитриевски: На владина седница е донесена одлука за финансиска поддршка не за лозарите, туку за винариите