(ВИДЕО)Ременски: Драги полицајци бидете чесни кон себе и кон народот

Од:

„Сите ние како граѓани, без разлика на нашите политички, етнички, верски и старосни разлики имаме одговорност. Колку сме одговорни, што можеме да направиме за сопствената иднина, можеме да си одговориме овде и сега“, рече на протестот во Скопје Фросина Ременски, како што се претстави државјанин един ствено на Република Македонија, борец за правата на работниците, антифашист по идеологија, безусловен патриот по дела, професор и родител.
„Знам дека не ви е лесно, но мора да издржите за Вас , за Нас, за Државата, за Вашите деца“, Ременски упати порака до полицајците кои биле и се столбот на заштитата на граѓаните и демократијата.
Им порача дека тие се од граѓаните и се во служба на граѓаните. Ги потсети на заклетвата дека нивна основна должност е да и служат на Република Македонија, да ги почитуваат Уставот и законите, да ги заштитува невините од измами, слабите од заплашувањ еи притисок, а мирољубивите од насилство и безредија.
„Драги полицајци, бидете доследни кон законот и професионалната етика, бидете и чесни кон себе и народот на кого му служите и припаѓате“, рече Ременски.

Би можело да ве интересира

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија