ВИДЕО: Полиција ги брани Тодоровиќ и Здравев од граѓаните

Од:

Група граѓани вечерва протестираа и влегоа  во општина Центар за да му укажат на градоначалникот Владимир Тодоровиќ дека не се согласуваат со договорот со фирмата ПЕРА КОНСТРАКШН со кој го продаде целото земјиште на општината по багателна цена. Наместо градоначалникот, се појави полиција, а никој немаше одговор кој ја повикал.

Граѓаните влегоа внатре и го чекаа Тодоровиќ, а со нив го  чекаа и претседавачавот на Советот, Здравев,  и советниците на кои неколкупати им беше закажувана и откажувана седницата. Последно беше дека треба да почне во 20  часот, но Тодоровиќ не дојде на седницата ниту два часа од закажаното време, а сите советници се уште чекаат.

Доцна вечерта се појави Здравев, но не влезе до доцна вечерта ниту Здравев.

Како да чекаа да заминат граѓаните и медиумите па , како вообичаено во ноќните часови да држат седница.

И на крајот седницата беше повторно одложена и презакажана за утре.

На оваа седница е  предлогот за измена на членот 3 од договорот со фирмата ПЕРА КОНСТРАКШН со кој обврската за изградба на нов објект за општината сега испадна дека е само карабина, што би значело дека цело внатрешно уредување и инсталациита паѓаат на буџетот на општина Центар.

Советниците од опозицијата, исто како и граѓаните се спротивстваија на ваквата како што велат „манипулација и распродажба на нивниот имот“, а вечерва пред општинаската зграда како поддршка за нивните барања се приклучи и кандидатот на опозицијатата за градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски.

Општина Центар го продаде земјиштето за 3000 денари од квадратен метар, а инвеститорот освен нов објект за општината ќе гради и за свои потреби.

Од видеото атмосферата и убедувањето со заинтересираните и засегнати граѓани со полицијата, која не им дозволуваше да присуствуваат на седницата.

Би можело да ве интересира

Делови од Центар и повеќе скопски села утре без струја

А1он

Општински инспектори почнаа да мерат бучава во Центар, на два објекта им наложија да се стишат

Жарко Настоски

Центар ќе казнува локали за гласна музика, се бунеле жителите

Жарко Настоски

Центар раскина договор за катна гаража на „Климент Охридски“, просторот ќе биде парк

Маја Илиевска-Пачемска

Општина Центар по 12 години сама ќе одлучува за летните тераси, Градот ѝ ги предаде надлежностите

Жарко Настоски

На „Ленинова“ и „Максим Горки“ веќе нема паркирање со пораки, на тие места ќе паркираат жителите

Жарко Настоски

3 comments

kristijan 12/12/2012 - 22:29 at 22:29

pa zafaten bil zdravev tolkav hotel gradi sproti italijanska ambasada, sto posto stedel pari od platata da go gradi.

Reply
оле 13/12/2012 - 09:36 at 09:36

Многу пензионери и луѓе во години. Без навреда. Па има ли млади луѓе во земјава заинтересирани за иднината на земјата?

Reply
888 25/04/2013 - 16:34 at 16:34

Covekot co kapceto ALAL DA MU E CAR BRAVO

Reply

Leave a Comment

9 − 5 =