Група граѓани вечерва протестираа и влегоа во општина Центар за да му укажат на градоначалникот Владимир Тодоровиќ дека не се согласуваат со договорот со фирмата ПЕРА КОНСТРАКШН со кој го продаде целото земјиште на општината по багателна цена. Наместо градоначалникот, се појави полиција, а никој немаше одговор кој ја повикал.
Граѓаните влегоа внатре и го чекаа Тодоровиќ, а со нив го чекаа и претседавачавот на Советот, Здравев, и советниците на кои неколкупати им беше закажувана и откажувана седницата. Последно беше дека треба да почне во 20 часот, но Тодоровиќ не дојде на седницата ниту два часа од закажаното време, а сите советници се уште чекаат.
Доцна вечерта се појави Здравев, но не влезе до доцна вечерта ниту Здравев.
Како да чекаа да заминат граѓаните и медиумите па , како вообичаено во ноќните часови да држат седница.
И на крајот седницата беше повторно одложена и презакажана за утре.
На оваа седница е предлогот за измена на членот 3 од договорот со фирмата ПЕРА КОНСТРАКШН со кој обврската за изградба на нов објект за општината сега испадна дека е само карабина, што би значело дека цело внатрешно уредување и инсталациита паѓаат на буџетот на општина Центар.
Советниците од опозицијата, исто како и граѓаните се спротивстваија на ваквата како што велат „манипулација и распродажба на нивниот имот“, а вечерва пред општинаската зграда како поддршка за нивните барања се приклучи и кандидатот на опозицијатата за градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски.
Општина Центар го продаде земјиштето за 3000 денари од квадратен метар, а инвеститорот освен нов објект за општината ќе гради и за свои потреби.
Од видеото атмосферата и убедувањето со заинтересираните и засегнати граѓани со полицијата, која не им дозволуваше да присуствуваат на седницата.