А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) Нелковски: Политичарите да ги надминат своите суети и да отворат сериозни разговори за формирање стабилна Влада

by А1он23/12/2016 - 11:1523/12/2016 - 12:30291
Share0

Македонскиот центар за култура и развој ги повика раководителите на клучните политички субјекти да ги надминат своите суети и да отворат сериозни, суштински, продуктивни и фер разговори кои ќе резултираат со формирање на стабилна Влада.

Добивај вести на вибер

Претседателот на МЦКР, Нелко Нелковски изјави дека двегодишната политичка криза во Република Македонија и резултатот од изборите покажуваат длабока поделеност во општеството по национална и идеолошка определба и дека тоа се должи на повеќедецениските повторувани грешки во градењето на вкупниот општествен систем во државата.

Според Нелковски неопходна е длабинска анализа на општествената и политичката состојба во која се наоѓа Македонија како и отварање долгорочен процес на исцелување од сите негативни причини кои доведоа до оваа актуелна крајно лоша последица.

Прегласувањето во Теарце, Нелковски очекува да помине во мирна, фер и демократска атмосфера со што официјално ќе заврши изборниот процес и ќе се почне со конституирање на парламентот кој би требало да се финализира до крајот на годината со што ќе започне процесот на решавање на двегодишната криза.

izbori 2016mckr

Би можело да ве интересира

Хан во Скопје на средби со политичките лидери

Ана Ололовска09/02/2017 - 08:3309/02/2017 - 14:31

Рама: Не е важно кој ќе формира влада, туку албанската платформа

Ана Ололовска03/02/2017 - 12:0403/02/2017 - 12:51

Средба на ДИК и МОСТ по повод Денот на изборите

Ана Ололовска02/02/2017 - 14:59

(ВИДЕО) Иванов: Ќе го дадам мандатот на тој што ќе обезбеди мнозинство од 61 пратеник

А1он01/02/2017 - 19:3302/02/2017 - 10:23

Ванхауте: Втора рунда во Македонија – Груевски не направи здрав компромис со Албанците

Наум Локоски30/01/2017 - 14:2931/01/2017 - 08:18

Ивановски: Иванов уште денеска треба да му го предаде мандатот на СДСМ

А1он30/01/2017 - 13:5231/01/2017 - 08:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен