(ВИДЕО) Наумовски: Обвинитиелството да покрене одговорност за Коце Трајановски

Од:

Пералницата за пари, преку спомениците вредни на 630 милиони евра, не запира со голтање на народните пари.

Најновиот ревизорски извештај за 2015 година на Град Скопје упатува на бројни злоупотреби поврзани со Скопје 2014.

Надлежните инаституции молчат, го кријат криминалот. Јасно е дека во Македонија не функционираат институциите, сите се ставени во функција на партијата на власт.

Заради тоа народот е на улиците барајќи правда, борејќи се за слобода и демократија.

Јавното обвинителство не смее да чека туку веднаш треба да побара одговорност од Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.

Пробиени рокови, не уплатени гарантни суми на изведувачите, безброј анекс договори, омилени за ВМРО-ДПМНЕ, со кои се зголемува основната вредност на објектите и се перат пари.

Склучени договори со еден изведувач, потоа раскинат договор и избран на пола работа друг изведувач. Нови фантомски договори за непредвидени работи во висина од на 1 милион Евра.

Промашување на тендерската цена за катните гаражи „Македонска фаланга“ и „Тодор Александров“, ни помалку ни повеќе, за неверојатни над 1 милион евра.

Невиден криминално-тендерски хаос.

Криминалот и корупцијата се на директна штета на граѓаните.

Ова е уште еден доказ зошто неуставната аболиција што по нарачка на Груевски ја испорача Иванов мора целосно да биде поништена. Законот мора да важи за секого.

Одговорност ќе има, украдените пари ќе се вратат назад кај граѓаните, рече
Александар Наумовски, потпретседател на ГО СДСМ Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага