(ВИДЕО) Макрадули и Жерновски: Сметките за струја и парно немаат партиски знак

Од:

Кандидатите за градоначалници за Скопје и Центар, Јани Макрадули и Андреј Жерновски, се потпишаа на иницијативата на граѓанското здружение „АМАН“ за собирање десет илјади потписи за измени во Законот за енергетика, враќање на евтината дневна тарифа за струја и укинување на Правилникот за топлинска енергија на Топлификација.

Целосно се согласуваат  со барањата на оваа граѓанска иницијатива, која се противи на самоволието и партиските одлуки на Регулаторната комисија за енергетика.

Овие одлуки, велат, одат директно на штета на граѓаните, а во корист на државата и на енергетските монополи.

Сметките велат, немаат партиска ознака и затоа ги повикаа сите граѓани кои чувствуваат дека се изиграни од ваквиот однос на Регулаторната комисија масовно да излезат и да го дадат својот потпис на граѓанската иницијатива на „АМАН“.

Се надеваат дека и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржат иницијативата, но и ќе гласаат за законот.

Прашуваат, кој ним им ги плаќа сметките, бидејќи не се чувствуваат загрозени и бидејќи не постои граѓанин кој што може да одолее на ваквите зголемени трошоци за електрична енергија или за топлинска енергија во Скопје, при тоа оние услуги кои што се нудат, а се однесуваат на топлинската енергија апсолутно не ги задоволуваат ниту стандардите.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната