ВИДЕО+ФОТО: Жени од СДСМ Куманово во акција стоп за насилство врз жените

Од:

Форумот на жени и локалниот клуб на млади на СДСМ од Куманово денеска на Градскиот плоштад со закачување на портокалови панделки се приклучија кон глобалната акција за стопирање на насилството врз жените.

10822627_10205322341043950_1490569915_n

Координаторката на Форумот на жени на СДСМ од Куманово, Атина Мургашанска наведе дека со закачување на портокалова панделка, која е симбол на годинешнава борба и активизмот за правата на жените се приклучуваат во оваа акција.

10814249_10205322341163953_312769827_n

-Во светските статистики за жал се уште една од секои три жени е жртва на каков било облик на насилство, дали е физичко, сексуално, економско, психолошко. СДСМ како прогресивна, демократска и лева партија постојано со родовиот концепт во своите политики се залага за еднаков третман на жените, за еднаква позиција во општеството и апелира секој поединец, семејство, општествените институции, особено државните да заземат што поактивна улога во спречување на насилството-наведе таа.

Мургашанска ја повика централната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ да апелира до институциите кои што се под нејзина надлежност, за да се стави крај на насилството и да не се случуваат немили појави, како што се случи неодамна во Општината Кавадарци.

10807841_10205322341083951_1763663539_n

10799619_10205322340963948_1786328942_n

Е. Г.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: СДСМ тврди дека Владата ќе го прифати Францускиот предлог, Владата реагира дека се хистерични

Катерина Ѓуровски

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес обвинува за гостиварскиот случај, а молчеше кога беше министер за здравство

Горан Наумовски

СДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија – исто како и неговиот шеф!

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски и Клековски го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар