ВИДЕО+ФОТО: „Отворен ден со полицијата“ во Штип

Од:

По повод „Денот на македонската полиција“, вчеравечер Полициската станица- Штип,во соработка со локалната самоуправа на општина Штип, ја реализираше манифестацијата „Денот на полицијата, посветен и отворен за граѓаните“.

Манифестацијата беше поделена во четири етапи. Првата етапа се состоеше во парада на автомобили со кои располага полициската станица во Штип, апотоа следуваше дефиле на сите единиците во СВР-Штип.

[nggallery id=180]

Она што најмногу им го привлече вниманието на граѓаните беше третата етапа од оваа манифестација, која се состоеше во симулацијата на присилно запирање на автомобил во кои се превезуваат опасни лица, кои полицијата треба да ги приведе, како и симулацијата на судир меѓу полицијата и навивачка група.

Свое обраќање пред граѓаните имаше началникот на СВР– Штип, Момчило Салитовиќ.

 „Денес со право можеме да констатираме дека македонската полиција е високо професионална, деполитизирана полиција, добро организирана, модерно опремена, со утврдена методологија на работа во согласност со законите и со подзаконските акти, подложна кон демократска контрола и отворена кон демократските институции и граѓаните“, изјави Салитовиќ.


Покрај другото, тој додаде дека штипската полиција бележи сè подобри резултати, што изразено во проценти би значело намалување на  криминалитетот за 20% во првото тромесечје од 2013 година,  зголемување на ефикасноста на полицијата за 25%, како и зголемување на процентот на расветлени кривични дела за 60%.

На манифестацијата беа доделени и плакети за најуспешните поединци во СВР-Штип. Признанија за успешна соработка  со полицијата добија Општина Штип, јавните претпријатија од Штип, шумската полиција и Здружението на пензионери.

Последниот збор на манифестацијата му припадна на градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев.

„Општина Штип се гордее со својата полиција. Ќе ја имате целата наша несебична поддршка, а од вас очекуваме со несебично залагање, вложување и самопридонес да ги направите улиците и населбите побезбедни“, истакна Захариев.

Би можело да ве интересира

За три дена МВР „подели“ дури 2.490 казни за учесници во сообраќајот

Скандалозно: Според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода

МВР вработува 150 полицајци

МВР одобри 24 часовно обезбедување на градоначалничката Данела Арсовска

А1он

Арсовска го објави напаѓачот: Структури во МВР прават се да го заштитат и да го заташкаат случајот