ВИДЕО: Eвропските социјалисти загрижени за анти-демократските постапки на Владата

Од:

Mладите европски социјалисти се загрижени за анти-демократските постапки на Владата кон пратениците и претставниците на медиумите во Македонија.

Во видео-пораката, Каиса Пени, претседател на ЕКОСИ-Млади европски социјалисти, вели дека Ние во ЕКОСИ многу се загриживме следејќи го развојот на случувањата во Македонија.

„Ние веруваме дека она што нашите сопартијци и пријатели во Македонија го направија досега е од непроценливо значење.Веруваме дека младината мора да остане моќната сила за доброто, за демократските права на луѓето, за слободата и правдата во земјата. Веруваме дека овие права се фундаментални права кои никој никогаш не смее да ги прекрши, а доколку бидат прекршени тоа не смее да биде прифатено, особено не од Владата која постои за да ги штити овие права. Ние во ЕКОСИ и како млади социјалисти насекаде во Европа сме тука да ве поддржиме и да бидеме со вас било кога и било каде, тука сме да ве поддржиме на секој начин . Останете силни, запомнете дека вие сте иднината, и продолжете да го веете знамето на демократијата“, вели Пени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?