(ВИДЕО) Д-р Нацев: Народот ќе страда се додека има вакви на власт

Од:

Хирургот Нацев, на денешниот протест рече дека знае што е операција, и да не се оперира на време.

„Знам што значи да се изгуби детенце. Се прашувам какви се тие луѓе без трунка морална и човечка одговорност, без одговорност која му ја дава народот. Одете се, одете си , оди си Тодоров“, рече Нацев.

Некогаш, посочи, здравството беше здравство, ова сега не личи на ништо. Реформите за обичниот народ се лавиринти, а тие одат во странство.

„Народот ќе страда се додека има вакви на власт.Не е виновно само едно министерство, туку целата Влада. Ако нема морал еден министер, нема морал целата Влада. Борбата е тешка, ако се глуви на вакви жртви, на деца, на настаните во Куманово каде загинаа наши полицајци и тоа беше монтажа. Мораме да го кренеме гласот и да кажеме-Доста е“, рече доктор Нацев.

Би можело да ве интересира

Притвор за седуммина уапсени во Ужице, адвокатите ја прекинаа работата

Десетици илјади луѓе се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа

Вучиќ: Вечерва очекуваме обид за насилство, но државата е подготвена

Денеска во Белград протест на студенти кои блокираат, властите апелираат за мир

Горан Наумовски

Полицијата во Лас Вегас го прогласи протестот за нелегален и им нареди на граѓаните да се разотидат

Седми „Марш за ангелите“ во Кочани: Нашиот молк зборува повеќе од илјада зборови, но нема да трае вечно како вашето судење