(ВИДЕО)Црногорска делегација во посета на општина Струмица

Од:

Црногорска делегација предводена од градоначалникот на Бијело Поље, Александар Журиќ, е во дводневна официјална посета на Струмица.

Двајцата градоначалници ја потпишаа Повелбата за соработка меѓу двете општини.

“Оваа прекрасна иницијатива која ја започна амбасадорот на Црна Гора во Македонија, на која се приклучи и македонскиот амбасадор во Црна Гора, беше да токму овие два града, слични по многу работи, и по големина, и како погранични општини, со одлични перспективи, две општини кои важат за едни од подобрите во своите држави, можат да бидат силна можност за уште поголем потенцијал на соработка меѓу двата народа. Се надевам дека тој потенцијал прво ќе биде изразен на економски план, а доколку тоа го оствариме другите соработки се многу полесни, како во културата, спортот, образованието и други надлежности на соработка“, изјави градоначалникот на  Струмица, Зоран Заев.

“Се надевам дека ќе најдеме многу заеднички точки и многу заеднички проекти од кои корист ќе имаат и граѓаните на Струмица и граѓаните на Бијело Поље. Сличностите по кои сме погранични општини, со голем земјоделски потенцијал, со идентичен пат кон интеграцијата во Европската Унија, со заеднички интерес се надевам дека ќе оствариме многу проекти и нови инвестиции и дека ќе успееме оваа соработка ја експонираме на вистински начин“,  изјави градоначалникот на општина Бијело Поље, Александар Журиќ.

За Црногорскиот амбасадор во Република Македонија, Душан Мрдовиќ, оваа е само доказ дека и на ниво на локална заедница можат да се воспостават добри односи и соработка, која може само да ја продлабочи и зголеми соработката која постои меѓу Црна Гора и Македонија, како две пријателски држави.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата