(ВИДЕО) Чакаровски: Инфицирани се 15 пациенти со оперирани очи

Од:

Сакаме да информираме за огромен скандал за којшто имаме информации дека се случил на Клиниката за очни болести при Клиничкиот центар во Скопје. Според нашите информации, 15 оперирани пациенти сега се соочуваат со сериозна инфекција на очите. Во име на граѓаните, бараме одговори веднаш дали е точно дека салите на Клиниката за очни болести се затворени за операции и од кога, праша Гоце Чакаровски, претседател на Комисијата за здраство на СДСМ.

– Дали причина за прекинот на операции на Офталмолошката клиника е инфекцијата што ја добиле 15 пациенти откако биле оперирани? Дали и какви последици ќе имаат луѓето на кои им се инфицирани оперираните очи? Инсистираме на одговор, што е причината за инфекцијата? Дали причината за инфекцијата е поради несоодветни болнички услови за работа или нешто друго? Информациите што ги имаме упатуваат на тежок скандал со употреба на загаден препарат за очи, со којшто биле третирани оперираните пациенти. Дали употребениот препарат Авастин е причината за тешката инфекција – нагласи Чакаровски.

Тој вели дека треба граѓаните да ги добијат сите потребни информации во врска со случувањата на Клиниката за очни болести на Клиничкиот центар во Скопје.

– Ако се откажани закажани операции, надлежните мора да кажат дали имаат обезбедено алтернативни решенија за итните случаи. Комисијата за здравство на СДСМ будно ги следи сите случувања во здравството вклучувајки го и овој најнов скандалозен случај на Офталмолошката клиника. Бараме од министерот Никола Тодоров да ги даде одговорите на прашањата, како најодговорен за катастрофалните состојби во здравството коишто штетно се одразуваат врз здравјето на граѓаните – нагласи тој.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата, животниот стандард е влошен

(ВИДЕО) Кузеска: Македонскиот јазик е признаен и заштитен, патриотизам е интеграцијата во ЕУ

А1он

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

Фрчкоски: Тендерот за автобусите пропадна затоа што бил местен за 12 милиони евра повеќе

Предраг Петровиќ

Филипче: Синдикалната кошничка е 69.000 денари, три минимални плати се потребни

Предраг Петровиќ