А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) Антикорупциска: Не сме пасивни, работиме, без да се фалиме

by А1он06/10/2013 - 10:1506/10/2013 - 17:37169
Share0

Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата Ѓорѓи Сламков во неделното интервју на Радио Слободна Европа, вели дека нивна цел како Комисија не е секој ден да се присутни во медиумите и да се саморекламираат.

Добивај вести на вибер

Кога ќе имаат издржан материјал којшто ќе биде поткрепен со проверки, тогаш ќе излезат и ќе ги кажат тие податоци.

На прашањето дали Комисијата за спречување на корупцијата има различни приоди кон корупцијата во зависност од тоа дали се работи за претставници на власта или на опозицијата, со оглед на тоа дека отвориле постапка за Заев, а експресно реагирале за министерката Јанкулоска дека имотот е законски стекнат, Сламков вели дека Државната комисија за спречување на корупцијата работи во согласност со Уставот, Законот за спречување на корупцијата, Законот за спречување на судир на интереси и Законот за лобирање.

„Нас не нè интересира името и презимето на лицето, туку нè интересира функцијата што ја врши, јавните овластувања што ги врши и дали тие се пречекорени, односно дали се злоупотребени за лични цели или се согласно законот. За овие шест месеци колку што сум во Комисијата, како член и како нејзин претседател, можат да кажам дека таквите обвинувања се апсолутно неточни. За секој граѓанин ние имаме еднаков пристап согласно законските норми“, вели Сламков.

Сламков не одговори конкретно на прашањето дали смета дека треба да ги испитаат посочувањата на СДСМ дека во врвот на власта сите се роднини или кумови.

„Апсолутно. Нас не нè интересира дали луѓето се на власт или се во опозиција. Тоа што политичките партии се борат меѓу себе за власт и притоа како една од темите на расправа им е корупцијата неминовно доведува до приближување кон нашиот домен на работа, доменот на работа на Државната комисија за спречување на корупцијата, меѓутоа нас воопшто не нè интересира таа битка. Нас нè интересира дали има елементи и за секое лице што ќе бидат изнесени податоци ние проверуваме и врз основа на тоа понатаму постапуваме“, вели претседателот на ДКСК.

За предметот со Заев рече дека не зборуваат за предмети коишто се во тек.
„За Заев бевме прашани од страна на новинарите. Ние немаше да кажеме дали водиме предмет доколку новинарите нè не прашаа конкретно и тоа е единствената информација што им ја дадовме. Сите други информации се дека тој предмет е во тек и мислам дека треба да се прифати како и сите други предмети за коишто ние си имаме тековно постапување и со ништо да не се издвои во таа маса. Во поглед на првиот дел од прашањето за министерката за внатрешни работи, мислам дека самата таа министерка се обрати во јавноста и ја повика Комисијата јавно да се произнесе дали има елементи за обвинувањата на нејзина сметка, но од она што е евидентирано во анкетните листови кај нас, состојбата е таа што е“, вели Сламков.

На новинарско прашање дека како комисија не покажале храброст да се испитаат случаи за корупција за претставници од државните институции, Сламков вели:
„Мислите од повисоките ешалони, логично е така да го поставите прашањето. Ние како Комисија имаме голем број на предмети за разни субјекти од разни позиции во општеството и ние како Комисија ќе излеземе во јавноста, ќе покажеме податоци, во оној момент кога ќе бидеме сигурни дека во тие предмети навистина постојат материјални докази за одредено коруптивно однесување или судир на интереси. Значи, се работи и ќе се изнесе во оној момент кога ќе има простор. Законот за кривична постапка вели основи за сомневање како простор за поднесување кривична пријава. Ние настојуваме тие основи за сомневање на ги приближиме до основано сомневање, значи што е можно повеќе да му ја олесниме работата на Јавниот обвинител за да потоа тој преку основаното сомневање да си продолжи во атамошниот тек на постапката. Бараме значи што е можно посилна материјална поткрепеност“.

Не ја слушнал изјавата на Субрата Рој дека дошол во Македонија затоа што нема корупција.

Најави активности за измени во изборното законодавство и во Законот за финансирање на политичките партии со цел тој простор за какви било злоупотреби да биде стеснет.

antikorupciska

Би можело да ве интересира

Антикорупциска отвори предмет за случајот со тендерите во Министерството за дигитална трансформација

Горан Наумовски12/03/2025 - 10:59

Мицкоски: Со одлуката на ДКСК се потврдија лагите за Јован, го обвинија и го судеа без докази само затоа што ми е син

Катерина Ѓуровски09/10/2024 - 14:56

Антикорупциска ќе иницира постапка против заменик министер за распоредување на вработени за време на избори

Катерина Ѓуровски24/07/2024 - 13:07

Академијата за судии најавува тужба по вчерашната седница на Антикорупциската комисија: Имаше многу процедурални повреди

Александар Тодески11/04/2024 - 14:2911/04/2024 - 15:13

Изгласан новиот состав на антикорупциска

Катерина Ѓуровски22/12/2023 - 14:27

Во Собрание избор на новиот состав на ДКСК

Катерина Ѓуровски22/12/2023 - 08:0522/12/2023 - 09:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен