Актери и граѓански активисти во 19 часот изведоа скеч на вестите на Сител, придружен со текст и музика, а како реакција на вчерашниот коментар во кој телевизијата посочи како е згрозена од нападите на СДСМ односно емитуваните снимки и дека самостојно одлучува кои инфорамции и политики ќе бидат емитувани во информативната програма.
Активистите кои претходно поставија звучници пред телевизијата, во рацете со кондоми асоцираа на разговорот од емитувана снимка, односно делот дека од 12 прилози, седум се по нарачка од Владата.
Тие посочија дека собирот е сосема спонтан и дека на овој начин сакале да ја искажат јавно нивната реакција и мислење за коментарот на телевизијата.