(ВИДЕО) Зовриена атмосферата во Охрид пред бугарскиот клуб: Ова брзо ќе изгори тука

Од:

Тензично е во центарот на Охрид каде започна протестот против отворање бугарскиот клуб „Цар Борис III”. „Ова брзо ќе изгори тука” извикуваат присутните.

dobivaj vesti na viber

„Фашисти, убијци, татари”, се само дел од извивите кои одделкнуваат од центарот на Охрид.

Присутните демонстранти паролите ги извикуваат кон лицата кои присуствуваат на отворањето на клубот, а стојат надвор и дофрлаат.

„Срамота за Македонија и сите кои го дозволуваат ова”, кажа друг присутен демонстрант.

На протестот има и присутни на кои не им пречи отворањето на клубот, туку името кое го сметаат за провокација.

Протестот започна пред официјалниот термин за отворање на клубот во 12 часот. Организиран е од „Левица”, а поддржан и од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Бугарска фондација за пукањето во Охрид: Четири куршуми влегле во канцеларијата, напаѓачот бил свесен дека може да убие луѓе

Кристијан Ландов

МНР го осуди нападот на бугарскиот клуб во Охрид

Повторно искршен бугарскиот клуб во Охрид, овојпат со употреба на оружје

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Објавена снимка од нападот на бугарскиот центар „Цар Борис Трети“ во Охрид

Катерина Павлова-Николовска

Искршен клубот „Цар Борис III“, раководството: „Маскирани патриоти“ ги нападнаа Бугарите, до кога ќе молчиме?

Кристијан Ландов

Уставниот суд оформи предмети за здруженијата „Културен центар Иван Михајлов” и Цар Борис III Охрид

Ана Ололовска