(ВИДЕО) Зовриена атмосферата во Охрид пред бугарскиот клуб: Ова брзо ќе изгори тука

Од:

Тензично е во центарот на Охрид каде започна протестот против отворање бугарскиот клуб „Цар Борис III”. „Ова брзо ќе изгори тука” извикуваат присутните.

„Фашисти, убијци, татари”, се само дел од извивите кои одделкнуваат од центарот на Охрид.

Присутните демонстранти паролите ги извикуваат кон лицата кои присуствуваат на отворањето на клубот, а стојат надвор и дофрлаат.

„Срамота за Македонија и сите кои го дозволуваат ова”, кажа друг присутен демонстрант.

На протестот има и присутни на кои не им пречи отворањето на клубот, туку името кое го сметаат за провокација.

Протестот започна пред официјалниот термин за отворање на клубот во 12 часот. Организиран е од „Левица”, а поддржан и од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

И името Цар Борис III пред бришење: Бугарскиот клуб доби негативно мислење од комисијата

Ана Ололовска

Комисијата за употреба на историските имиња утре ќе има седница за бугарскиот клуб „Цар Борис III“

Ана Ололовска

Централен регистар: Барањето на здружението „Цар Борис Трети“ одбиено поради недоставување на бараните документи во законскиот рок

Ана Ололовска

Истекува рокот за преименување на бугарските клубови

Катерина Ѓуровски

Здружението „Цар Борис Трети“ поднело барање за промена на името

Натепаниот Бугарин го менувал исказот: Прво кажал дека го натепале тројца, а потоа дека е натепан од едно лице

Кристијан Ландов