ВИДЕО: Зошто се протестираше пред општина Центар?

Од:

Десетици работници ден и ноќ работат на новата зграда на ВМРО-ДПМНЕ, која ќе биде и деловен простор. Тоа е објектот кој последниве месеци најбрзо се гради, наспроти црквата Свети Константин и Елена каде со денови нема ниту еден работник.

Токму при протестите на „верниците“ пред општина Центар најмногу врева се крена дека со измената на деталните урбанистички планови, се сака да се стопира или урне овој објект, иако тоа во неколку наврати беше кажано дека не е намерата, а и не беше можно со оглед дека речиси беше изградена. Веднаш по протестите, изградбата на црквата запре.

Она што можеше да се спречи да се гради со измена на детално урбанистичките планови беше токму новото седиште, односно осумкатницата на ВМРО-ДПМНЕ, која немаше ниту еден кат и беа поставени само темелите.

Додека траеше целата гужва и убедување дали ќе се урива или не верскиот објект, забрзано се крена новиот објект на ВМРО-ДПМНЕ, каде партијата ќе има 30 проценти од објектот, а остантиот деловен простор ќе биде на приватниот инвеститор.

 

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ