Здружението на новинари достави жалба до Европскиот суд за човекови права во Стразбур за инцидентот со новинарите на 24 декември 2012-та во Собрание. ЗНМ од европскиот суд бара да утврди прекршување на членот 10 од Европската конвенција за човекови права поради насилното бркање на новинарите од собраниската галерија.
Според здружението повредени се членот 6 и 13 од Конвенцијата, кои гарантираат право на фер судење пред уставен суд и право на ефикасен правен лек.
Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани објасни дека ова прашање биле заинтересирани да го решат пред домашните институции кој според нив не покажале демократски капацитет да утврдат очигледна повреда на нашиот устав, кој гарантира слобода на изразување и информирање.
ЗНМ верува дека Европскиот суд ќе утврди прекршување на правото на слобода на изразување, и очекуваат судот во Стразбур ќе ја прифати нивната апликација.
„Со овој потег сакаме да им покажеме на нашите институции дека вакви репресивни мерки против новинарите и медиумите не се дозволени во демократски општества. Кој ќе ја преземе одговорноста ако Европскиот суд утврди дека со бркањето на новинарите од собраниска галерија е прекршено правото на слобода на изразување“, изјави претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.
Од ЗНМ потесетија дека државниот врв изразил жалење за инцидентот, а комисијата за расветлување на инцидентот утврди дека со бркањето на новинарите било прекршено начелото на јавно информирање.