(ВИДЕО) ЗНМ: Дали осуден новинар за напишан текст е надуен балон премиере?

Од:

Здружението на новинари реагираше на вчерашното интервју на премиерот Никола Груевски каде образложи дека приказната за нарушената слобода на медиумите е само надуен балон.

ЗНМ директно го праша Никола Груевски дали постојаниот пад на земјава на листите за слобода на медиуми е надуен балон, притоа потсетувајќи го премиерот дека Македонија е единствена земја со осуден новинар на 4,5 години затвор за наводно откривање на идентитет на заштитен сведок.

Претседателот на ЗНМ праша дали надуен балон е новинар обвинет за шпионажа, и тоа дали Груевски кога зборувал за слобода на медиуми го зел предвид бркањето новинари од галеријата во Собранието на 24-ти декември.

Освен овие примери кои според ЗНМ, Груевски заборавил да ги спомне во интервјуто ги посочи и тужбите од високи функционери од неговата партија кои тужат новинари.

„Не е надуен балон дека Македонија е единствена земја во која новинар е осуден за напишан текст. Македонија е единствена земја во Европа во која против новинар се води постапка за шпионажа. Не е надуен балон дека на 24-ти декември новинарите беа избркани од галеријата на собранието. Не е надуен балон дека во Македонија никој не знае колку пари дава владата во медиумите“, изјави Насер Селмани претседател на ЗНМ.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе четврта претставка до ЗНМ за повеќе прекршувања на новинарскиот Кодекс од страна Героски

ЗНМ: Остра осуда за нападот врз редакцијата на „Инфомакс“

Горан Наумовски

ЗНМ: Да се обезбеди почитување и непречена работа на медиумските работници на гласачките места

Горан Наумовски

ЗНМ и ССНМ реагираат за начинот на постапување на полициски службеници кон новинари во пелагонискиот регион

Предраг Петровиќ

Нападната екипата на ТВ Алсат кај пожарот во Визбегово

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура