ВИДЕО: „Знамето“ отстрането од спотот, во ново видео Гарванлиев вели: „Јас сум државјанин и на Бугарија“

Од:

Во интервју за „Wiwibloggs“, евровизиски канал на „Јутуб“, македонскиот претставник на Евровизија, Васил Гарванлиев, кажа дека освен македонско, има и бугарско државјанство. Во моментот кога водителот му вели: „Вие сте државјанин на Македонија, и…“, Гарванлиев продолжува и вели: „и Бугарија…“.

Во интервјуто, водителот го прашува: „Па, како имате бугарски пасош?“, а Гарванлиев одговара: „Далечен роднина на мојата баба е роден… Струмица е многу блиску до бугарската граница, јас сум од тој дел на државата, па ете како“.

Интервјуто со Гарванлиев е објавено пред еден месец, односно на почетокот од февруари.

Претходно, поради негативните реакции, Гарванлиев го промени и спотот, во кои некои препознаа бугарско знаме во делото на уметницата Жанета Вангели, кое е поставено во Националната галерија Даут Пашин Амам. Евровизискиот претставник на Македонија, Гарванлиев, објасни дека тој повеќе од 20 години пее и ја претставува Македонија и тоа така ќе остане.

Гарванлиев по вторпат ја претставува Македонија на Евровизија, овојпат, со песната „Here I stand“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Томи Кеш ја отпеа „Еспресо Макијато“ во Италија на улица

Предраг Петровиќ

Премиерот на Шпанија: Израел да не учествува на Евровизија

А1он

(ВИДЕО) Скандал на Евросонг: Обезбедувањето удира и влече демонстрант против Израел

ВИДЕО: Австрија победи на Евровизија

Исланд, Словенија и Шпанија бараат Изараел да не учествува на Евровизија: „Не можеме да мижиме пред хоророт во Газа“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Шведска на Евровизија ја претставуваат Финците кои пеат за сауни